ТОП 5 ВЕСТИ: Нов клуб за Лекиќ, Келце одново во шопинг акција...

5. Најдобриот стрелец во Асобал лига (Шпанија), Гонзало Перез Арсе нема намера да го реализира договорениот трансфер во Мешков Брест. Место преселба во Белорусија, овој шпански ракометар (засега) останува во редовите на Адемар. 



4. Германија, Холандија и Грција се договорија битката за пласман на женското сениорско ЕП 2022 Македонија/Сло/Мне да ја завршат во Холандија на турнир. Откако Белорусија беше суспендирана, а патниците познати, место дома-гости се ќе биде завршен на турнир што ќе се игра во Холандија. 

3. Бертус Сервас, претседателот на Келце најави нови засилувања. Неговиот последен „твит“ е дека се блиску до потпис со репрезентативец. И тоа не играч за кого се шпекулирало деновиве, туку сосема нов. Ова значи дека најмалку двајца играчи се пред потпис со Келце.

2. Ниту петкратниот европски шампион Ѓер не е имун на внатрешни превирања и битка за власт. Деновиве актуелно, смена на врвот на клупската хиерархија и поинаква распределба на влијанието во клубот. Нофицијално, нов претседател на клубот би можела да стане Анита Гербиц, легендарната унгарска ракометарка. Паралелно се прошири инфо и дека нивната можеби најдобра ракометарка, Норвежанката Офтедал се враќа норвешкиот шампионат следната сезона. 

1. Неофицијално, Андреа Лекиќ, поранешната вардарова ракометарка, следната сезона можеби ќе ја игра во дресот на унгарскиот клуб ФТЦ Будимпешта. Лекиќ во моментов е ракометарка на Крим каде што на иста позиција игра уште една екс вардарова ракометарка - Алисон Пино. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk