Maраш и Гаџа, резерви во Хрватска

Хрватска има лесна задача во Бараж 2 во квалификациите за СП Шведска и Полска. Ќе игра против Финска која службено мина преку Украина. 




Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват одбра тим со би требало да се прошета низ квалификацискиот бараж и да се пласира на следниот мундија. 
Хрватска место со Украина, ќе игра со Финска и нивната работа е многу олеснета. Затоа и Хрвоје Хорва меѓу првите го соопшти списокот на играчи за овие два бараж дуела. 

Матео Мараш од Е. Пелитер и Анте Гаџа од Вардар, двајцата ракометари што играат и тоа важни улоги во Македонија се запишани на списокот, но само меѓу резервите. Ќе бидат повикани, ако има потреба. 
Неколку, пак, играчи што сме ги гледале овде како Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ и Халил Јагањац се во првиот ешалон и ќе бидат со сигурност дел од хрватскиот тим.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk