Капитална инвестиција на Крим

Исклучувањето на руските ЦСКА и Ростов во женската Лига на шампиони, направи големи промени во тековната сезона на најелитното натпреварување. Навидум се е регуларно затоа што ЕХФ дозволи, па шоуто ќе продолжи



Без Ростов и ЦСКА Москва во женската ЛШ, прва профитираше екипата на ЧСМ Букурешт која место да игра со незгодниот тим од Москва, директно се пласираше во 1/4 финалето. 
Сигурно убаво ќе му дојде и на победникот од дуелот Мец - Дортмунд кој нема да мора да игра со Ростов во 1/4 финалето, туку директно ќе се пласира на Ф4. Тоа би требало да биде Мец кој победи 30-22 на гостински меч на првиот дуел. 

Другите екипи немаа таков ксмет да прескокнат едно коло, но можеа да си купат играчи од руските клубови и тие да им бидат регистрирани за ЛШ, што во нормално околности немаше да биде дозволено. 

Капитална инвстиција направи Крим Љубаљана. Тие ја вратија во своите редови репрезентативката Ана Грос, а таа на првиот меч со ФТЦ постигна 13 гола и ја водеше екипата до голема победа од 33-26 и веројатно во 1/4 финале каде што ги чека Кристијансанд. 
ФТЦ нема морално право да се буни за овој трансфер, затоа што и тие имаат играч од Ростов, Баетрис Едвиж, но таа иако одигра добро и постигна четири гола, не може да го мери своето влијани со тоа на Ана Грос. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk