Лазаров за Пасквал, дефанзивата, Манасков...

Македонија си го чекираше настапот во вториот бараж за пласман на СП. Со доминантна игра во Скопје и резултатски сигурна игра во Букурешт, против противник кој беше објективно најсилниот во вториот шешир, покажавме дека не сме репрезентација од тој ешалон.
Нашето место е погоре на скалата, колку повисоко, ќе видиме. Сега пред нас имаме противник што резултатски е подобар во последните четири години, екипа што на последното ЕП пред два месеца во групата играше нерешено со новиот европски првак, загуби само два гола разлика од бившиот првак и актуелен вице-шампион и ја декласираше БиХ. 



Хавиер Пасквал - Чави, легендарниот шпански тренер кој се бори со демоните во романскиот ракомет во обид да креиера победнички систем, втор пат во четири годишен циклуц е елиминиран од Макеоднија. Но, видливо е дека Романија оди напред, иако нивната екипа по конституција е поподобна за старински, отколку за модреден ракомет. Тоа да појасниме во една реченица значи големи, робусни и силни играчи што немаат брза транзиција, но затоа знаат како да тепаат во одбрана. И мечот во Букурешт беше во нивниот стил на игра, а и така со нивни стил, нивна фонична сала за околу 2-3.000 гледачи, во која имаше повеќе од 20 тапани и цел оркестар што правеше непријатно голема бука, успеавме да победиме, поточно да се одбраниме колку што ни требаше да без резултатски нервози да стигнеме до Бараж 2. 

Селекторот по мечот, го кажа своето видување. 
“Паски не ме изненади со ништо. Дефанзивата што ја постави мене ми беше позната, ние тоа го игравме во Барселона, посебно на еден меч со Хамбург кога се враќавме од негатива. Многу е тешко да се направи напад на таа одбрана. Ние ја анализиравме таа зона, се договаравме, но беше и премногу бучно во таа сала, не можевме да се слушнеме што се договоараме што да играме, мораше од играч на играч да оди пораката и тука губевме драгоцено време. 
Ова е голема работа за нас. Романија е сериозна репрезентација со многу сериозен селектор што многу добро си ја знае својата работа. Можеби јас сум преголем оптимист, сакав да победиме и тука. Но, не бевме ние толку слаби колку што оние беа добри во дефанзивата. Сега треба да се анализираат овие два меча, да видиме што беше добро за нас, што беше лошо“, вели Лазаров. 

“За три недели не чека двомеч со Чешка. Ги знам момците како колеги, како другари, како семејство. Сега друг е односот, сега јас сум одговорниот.
Мислам дека сме на добар пат. Имаме потенцијал, ни треба работа, ни треба континуитет. Сега прво треба да се мобилизираме заеднички, зошто се работи за Македонија. Треба да го продолжиме контиунитетот на настапи на големите натшреварување. Сега со неколку искусни играчи и младите да ја градиме таа нова генерација“.

„Доколку Дејан Манасков се врати на терен по повредата сигурно ќе бидеме доста посилни. Но, нема да форсираме предвреме, да ризикуваме да го добиеме за еден-два меча, а за да го загубиме пак. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите со него“, вели Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk