Георгиевски: Ќе се обидат со нешто ново, но ќе бидеме спремни



Се одбројуваат последните часови до рванш натпреварот меѓу Македонија и Романија што денеска се игра во Букурешт. со почеток од 17 часот. 
Македонија има убава предност, но има уште 60 минути пред нас и никакво опуштање не е дозволено. 




„За Романците ова е последна можност да фатат приклучок кон светскиот ракомет, нема да се предадат без борба. Тактички не може да се очекуваат преголеми промени бидејќи двата меча се играат во период од помалку од 48 часа.
Видовме дека го имаат донесено Хумет, Шпанецот кој има романско државјанство. Со него можеби ќе се насочат повеќе на бековските позиции, на шут од надвор и на тој начин да ја разбијат нашата одбрана. Тоа е она што би можеле да се обидат, но ние сме максимално подготвени за овој реванш“

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk