Лазаров со една измена, шпанско засилување за Пасквал



Во тек е техничкиот состанок пред дуелот меѓу Романија и Македонија што вечерва ќе се игра во Букурешт. Двете репрезентации ќе имаат по најмалку една измена во пресрет на вечерашниот натпревар. 




Македонската репрезентација ќе има една измена во однос на составот со кој го одигра првиот меч од бараж квалификациите со Романија. 
На местото на централниот бек Марко Митев, во тимот влегува десното крило Ненад Костески. Така Кирил Лазаров покрај себе ќе има уште тројца левораки ракометари, а тоа се Гоце Георгиевски, Томи Јагуриноски и Ненад Костески. 

Измена очекуваме и во составот на Романија. Вчера во хотелот каде што се играчите пристигна натурализираниот Романец, инаку Шпанец по потекло  Хавиер Хумет.
Десниот бек Хавиер Хумет (32) е во Романија од 2014 година и играше за Констанца, ЧСМ Букурешт, Стеауа, а од 2020 во Динамо. 
Го очекувавме во тимот и за првиот меч во Скопје, но дури сега се приклучува. Овој Шпанец со романски пасош минатата година имаше голема семејна трагедија, почина неговата 33 годишна сопруга со која има три деца. Од тогаш има поинаков статус и тоа е пресликано и во репрезентацијата. Не беше на подготовките на тимот, но за денешниот меч очекуваме да се појави во составот на нашиот противник. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk