Скапо ќе чини сојузот на БиХ ангажманот на Обрван

Ивица Обрван не е повеќе селектор на БиХ. Сојузот не си ги исполнувал обврските, а тоа го зачини и со лоши изјави за јавност и љубовта заврши, Обрван изјави дека по се што било кажано во јавност - соработката веќе не е можна. 




Месечната плата на Ивица Обрван како селектор на БиХ била 5.000 евра. Договорот на три години. Поранешниот селектор на Македонија, изјави дека неговиот адвокатски тим понатаму ќе комуницира со БиХ. 
Не знаеме што се е напишано во договор, но медиумите од БиХ шпкулираат дека Обрван ако има основ да бара исплата на сите заостанати плати, тогаш сојузот на БиХ ќе треба да му исплати нешто над 230.000 евра. 

Обрван има само една победа со БиХ од седум меча. И тоа на првиот, против Австрија. Ако БиХ треба да исплати се до крај, тоа ќе биде најскапо платената победа во историјата на ракометот во БиХ. 
Така велат БиХ медиумите, но треба да се земе предвид дека тие се пласираа на ЕП, а шесте порази им се од репрезентациите на Германија, Шведска, Шпанија, Чешка, Австрија и Унгарија. Реално, репрезентации што се над нивото на БиХ кој и да и биде селектор. 

На баражот со Грција, евентуално вториот бараж со Црна Гора, селектор на БиХ ќе биде Тони Чолина. Тие што малку подетално следат ракомет, веројатно ќе се сетат на него, тој ја водеше кадетската репрезентацијата на БиХ на ланскиот ЕХФ Шампионат во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk