ВЕСТИ: Германија доаѓа со нов селектор, трансфери...

Женската репрезентација на Германија на ЕП што ќе го организираат Македонија, Словенија и Црна Гора ќе дојде со нов селектор.
Кој ќе биде - не се знае, но се зане дека Хенк Гронер нема да ја води селекцијата со која практично обезбеди пласман. Германската федерација сакала да го задржи, но не се договориле околу условите. 



Поранешниот голман на Вардар, Французинот Робин Кантегрел по една сезона мината во француската екипа Тулуз се најде на трансфер листа. Засега не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. 

Холанѓанката Тес Вестер најверојатно ќе си замине од ЧСМ Букурешт по само една сезона, иако има опција за уште една година. Ракометарката која редовно е украсена со епитети дека е една од најубавите, во Букурешт се чувствува - осамено. Откако се повредила сонародничката Мартин Смитс и се вратила назад во Холандија, за Тес Вестер во Романија освен ракомет, нема ништо друго.
Веќе разговарала со клубот и епилогот е следниот: „Ако дојде уште една ракометарка од Холандија, би размислила за останување. Но, животот е краток за да бидеш на некое место на кое не се чувствуваш среќен', изјави Вестер во интервју за холандски медиум. 
Во меѓувреме ЧСМ, анажираше нов голман, Евелина Ериксон од Шведска доаѓа во романската престолнина. 

Откако рускиот клуб Ростов Дон не прифати тренерот Пер Јохансон да го води клубот онлајн каква што беше желбата на Швеѓанецот, спогодбено го раскинаа договорот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk