Ден по големата победа над АЕК и пласманот во 1/8 финалето на Европската лига, битолскиот клуб имаше уште нешто да им каже на своите фанови.

Руди Сери, француски лев бек доаѓа во редовите на Е. Пелистер следната сезона. Тој е третиот нов играч по најавените Урбан Лесјан и Осама Хосни.
Сери (27) доаѓа од екипата на Сесон Рен, а во кариерата има играно и за Селеста и шпанската Бидасоа пред да пристигне во Рен.