Савевски со две измени по прва победа

Maкедонската репрезентација, попладнево ќе игра возвратен меч со селекцијата на Словенија. 



Две измени има во составот на Македонија за денешната средба со Словенија што ќе се игра во рамки на ЕХФ Еуро Куп. На местото на Александра Коловска и Емилијана Ризоска, повикани се Сара Миновска и Теодора Дукоска. Словенија, пак, на овој наторевар ќе има 13 ракометарки во ростерот. 

Натпреварот ќе се игра во „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30 часот. Влезот на натпреварот ќе биде слободен, но важат мерките за заштита од Ковид.

Пред три дена овие репрезентации играа во Целје, а победи минимално 29-28 домашната селекција, откако Македонија не успеа да реализира пенал за нерешено во последните секунди. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk