Ќе дојдат ли засилувањата во Мешков?

Пет ракометари потпишаа договори со екипата на Мешков Брест за следната сезона. Но, тоа беше пред војната во Украина и суспензијата на белорускиот клуб од ЛШ.



Мешков Брест има потпишано договор со пет ракометари. Тројца се Шпанци и тоа Агустин Касадо, ракометар што блесна на ЕП 2022, потоа Гонзало Перез Арце и Сергеј Хернандез. Од Бенфика доаѓа Србинот Лазар Кукиќ, а од Нексе Хрватот Јелиниќ. 
Така барем требаше да биде. 
Ќе се реализираат ли сега овие трансфери? Колку ќе трае санкцијата врз  руските и белоруските екипи? Од денешна перспектива гледано, мали се шансите следната сезона да ги видиме на терен надвор од своите држави.

Ако треба да се реагира, веројатнот тоа треба да се направи сега. За сите овие играчи има заинтересираност и од други клубови. Особено за Касадо за кого во еден момент слушнавме дека е заинтересиран и битолски Еурофарм Пелистер.
Ако имале амбиција тогаш, можеби не е лошо да се провеи и како  сега. Ништо помалку и Лазар Кукиќ игра врвна сезона во Бенфика, играч на централна бековска позиција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk