Вардар против Веспрем во 1/8 финале на ЛШ!

На едно коло до крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, познато е на кое место ќе заврши Вардар и кој ќе му биде првиот противник во елиминациите.



ЕХФ ги додели службените бодови од дуелите со Мешков Брест и Мотор Запорожје и на коло до крајот рачистени се неколку дилеми. 
Вардар со 11 бода, три повеќе од Елверум и Загреб завршува на петтото место во групата. 

Во групата „Б“, службени бодови од неодиграните натпревари со Мотор Заподожје добија Барса, ПСЖ и Порто. 
Барса и ПСЖ се тркаат со Келце за првите три места. Веспрем ќе заврши на четвртото, за него е недостижно споменатото трио, му „бегаат“ три бода. 

Во Плеј оф, ќе вкрстат А5-Б4, што значи Вардар против Веспрем. Победникот од овој двомеч за пласман во Келн ќе игра со А1, а тоа најверојатно ќе биде екипата на Алборг. Помали шанси има Кил. 

Давид Дејвис ќе се врати на познатиот терен во Веспрем, каде што беше тренер од 2018 до 2021. А Вардар ќе го обнови ривалството со Унгарците кое вклучува и едно финале на Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk