Храбра игра на Македонија, за жал без награда

СЛОВЕНИЈА - МАКЕДОНИЈА 29-28 (15-14)
Македонија: Мицевска, Петковска, Стојковска 8, Јанеска 5, Ристовска 6, Гичевска 7, Коловска, Џатевска, Јанкуловска, Седловска, Арениевска, Величковска, Ризовска, Саздовска 1, Дабевска 1, Коцева




Одличен натпревар, далеку над очекувањата одигра репрезентацијата на Македонија вечерва на гостувањето во Целје, против селекцијата на Словенија во рамки на ЕХФ Еуро Куп. 
Не стартувавме добро, Словенија поведе со 4-1 и тоа водство го одржуваше и дури го зголеми, па во 14 минута изнесуваше 10-5. 
Но, Ристовска, Јанеска и Стојковска влегоа во добар ритм, па четири минути подоцна беше 11-9, а Македонија се врати во игра. 
До крајот на полувремето имавме и шанса за израмнување, но за жал шутот на Јанеска од контра напад заврши во пречата, по што до крајот на првиот дел разврската отиде во полза на домашниот тим (15-14). 

Во второто полувреме се водеше пожешка битка во која Македонија, гол за гол, во која избраничките на Савевски за прв пат во 38 минути преминаа во водство (19-18). Брзо се врати Словенија, но во 43 минута, одново Македонија водеше 23-22. 
Во самиот финиш Македонија не успеа да реализира напад при негатива од 28-29, па Словенија имаше минута и пол за да ја запечати победата. Не успеаја, следеше напад за реми во кој Ристовска и Јанеска одиграа цепелин што заврши со пенал за Македонија. 
За жал Гичевска не успеа да погоди и Словенија запиша победа од 29-28. Штета. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk