Пачковски не сака назад во Мешков

Полскиот интернационалец Павел Пачковски е еден од тројцата ракометари на Мешков Брест кои се „евакуираа“ од Белорусија, заедно со двајцата тренери. 
Нема намера да се враќа назад.



Павел Пачковски има уште една година од договорот со Мешков Брест, но нема намера да се враќа назад во клубот. 
Тој заедно со Словенецот Јака Малус, Французинот Баптис Бонефон и тренерите Гордо и Фарелу заминаа од Мешков Брест откако екипата беше суспендирана од ЕХФ. 

Пачковски порача дека не се враќа назад. Побарал раскин на договорот, од морални причини. Не се сомневаме и дека ќе го добие посакуваниот документ, дури и ако Мешков Брест не се согласи со таа одлука и побара на пример отштета. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk