Унгарија повторно се врти кон Шпанец

Уште еден шпански тренер на голема врата се враќа во репрезентативниот ракомет. Унгарија почна преговори за нов селектор.



Унгарија расчисти со селекторот по неуспешниот обид на ЕП 2022 да се пласира во главната рунда, а денеска нивната федерација објави дека почнале преговори со Чема Родригез, прославен шпански ракометар кој играше на позицијата плејмејкер. 

Чема Родригез нема да биде нова опција за Унгарците, тој беше во улога на асистент од 2019 година. Од 2020 е на клупата на португалскиот клуб Бенфика кој под негово водство игра одлична сезона, а патем успеа и да ја запре на домашна сцена серијата од над 60 победи по ред на Порто. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk