Европската ракометна федерација донесе одлука да бидат суспендирани сите руски и белоруски клубови и репрезентации од европските натпреварувања.
Откако ЕХФ ги суспендираше руските и белоруските клубови, следствено и логично од овие екипи почнаа да заминуваат странските играчи и да се враќаат во своите татковини. Некои за секогаш, некои со се уште важечки договори што можат да бидат активирани ако ситуацијата се промени.
Словенечкиот централен бек Јака Малус е еден од играчите на Мешков Брест што нема да се врати назад во Белорусија. Таков беше и планот и неговиот истечен договор, но сега си оди назад три месеци порано од предвиденото.
По препорака на амбасадите, Шпанскиот тренер Даниел Гордо и неговиот асистент од Португалија Нуну Фарелу, францускиот играч Баптист Бонфон и полскиот играч Павел Пачковски си одат од Брест, но нивните договори се и натаму активни.
Шампионатот на Белорусија не е прекинат и Мешков продолжува да се натпреварува на домашната сцена. Како ќе биде, пак, за СЕХА, сега е неблагодарно да се предвидува.