Шебетиќ: Пред да слетаме - згасна аеродромот!

Мотор Запорожје играше меч од Лигата на шампионите во Келце и во Украина пристигна минути пред да почне инвазијата. Хрватскиот репрезентативец Лука Шебетиќ за Спортске новости ја пренесува атмосферата.



„Игравме меч во Келце, се враќавме назад и некаде над Запорожје, моменти пред да слетаме, едноставо згасна аеродромот. Згаснаа сите светла и немаше друга опција туку авионот се пренасочи кон Киев. Кога слетавме таму, пет минути подоцна Путин и објави војна на Украина и следните десет минути и таму згасна аеродромот. Се се замрачи, почна евакуација и буквално бевме на улица. Клубот бараше автобус, но Киев беше блокиран, Запорожје исто така. Дома стигнавме дури следната ноќ. Веднаш се спакувавме затоа што најавија ракетирање и на Запорожје. 
Тргнаме, три автомобили. Пред мене се Малашинскас и Бокан, позади е Молина. Се надевам дека ќе успееме сите да излеземе“, вели леворакиот бек на Мотор. 

Околу најавите дека Мотор ќе игра ЛШ во Словачка...

„Ништо од тоа. Овде никој не мисли на ракомет. Спасуваме жива глава. Освен тоа украинските жители (ракометари) имаат забрана да ја напуштаат земјата. Не верувам дека клубот ќе игра до некое подобро време.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk