ОФИЦИЈАЛНО: Сабате е новиот селектор на Чешка

Чешката ракометна федерација денеска официјализираше промена на нивната селекторска позиција. Трансфер што g-sport.mk ексклузивно го најави уште на почетокот на месецов.



Шпанецот Хавиер Сабате, во моментов тренер на полскиот вице-шампион Висла Плоцк е назначен за селектор на репрезентацијата на Чешка на местото на Растислав Тртик кој имаше само едногодишен договор што не беше продолжен по ЕП 2022. 

Чесите сакаат малку од шпанскиот систем во нивната репрезентација и тоа беше нивна ѕвезда водилка во процесот на менување на селектори. Сабате е добро познат и иако е одличен тренер што води силни тимови, никаде немал некој резултат за да ја оправда својата репутација. 
Беше заменик на Антонио Ортега (Барса) во времето кога тој беше тренер на Веспрем. Кога Ортега доби отказ Сабате остана и како прв тренер на Веспрем и како селектор на Унгарија. Потоа во 2018 потпиша за Висла Плоцк каде што е стадардно позати Келце. 

Замената на клупата на Чешка можеби е шансата што Македонија ја чекаше. Ние за волја на вистината прво мораме да ја елилминираме Романија за потоа во улога на аутсајдер да се појавиме на двомеч со Чешка. Но, гледајќи ги како играа, каква беше нивната игра на ЕП 2022 под водство на Растислав Тртик (резултатски: нерешено со Шведска, само минус два со Шпанија), единственото што можеме да го контатираме е дека оваа смена е добра за нас пред евентуалниот дуел. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk