Талески го „запечати“ ППД Загреб

ВАРДАР 1961 - ППД ЗАГРЕБ 20-19 (11-10)
Најдобри стрелци за Вардар: О. Њокас 4, Моралес 3, Талески 4




Тежок, напнат натпревар на кој деталите решаваа уште од првата минута. Вардар и ППД Загреб, покажаа дека се екипи што во моментов се на исто ниво според квалитетот, прашањето на победникот беше кој тим подобро ќе искористи шанса што ќе му ја даде противникот. 

Загреб контролираше резултат и темпо во првиот дел од првото полувреме, но Георгиевски и пикерот Валчак успеаја да ја свртат средбата во полза на Вардар во последната третина од полувремето, па Вардар во својот  период на залет имаше и плус три во еден момент. 
На полувреме, сепак, беше само гол разлика (11-10) затоа што Загреб успеа се врати во игра.

Вардар диктираше резултат почетните минути од второто полувреме, постојано беше во водство, но по двата неуспешни обида на невоиграниот Додиќ по ред, во тесната битка и Загреб поведе и тоа во незгоден период по 51 минута (17-16). Имаа Хрватите и два напади за плус два, но од сето тоа излезе само контра напад за Вардар за израмнување, а потоа и напад од кој Моралес донесе водство за 18-17. 
Потоа светна уште една контра за Вардар преку Дарко Ѓукиќ за водство од 19-17 и Обрван мораше да го користи последниот тајм аут. 

Клучниот момент на средбата дојде кратко потоа, Вардар беше пасивен, резултатот 19-17 и Филип Талески се одважи на шут од 10 метри со кој Вардар поведе 20-17 и тоа беше пресудно, независно што Њокас им подари на загрепчаните напад за реми. 
Не се снајдоа, остана до крајот само да го видиме вербалниот дуел Чупиќ - Тото кој можеше да го расипе впечатокот за целиот меч. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk