ЛШ: Крим и Савехоф за „гол“ живот

Лигата на шампионите во женска конкуренција влегува во фаза на елиминации. Малку работи се непознати, а и тие денеска ќе добијат одговор. Една од нив е дали од ЛШ ќе испадне Крим или Савехоф. 



Во групата „ А“ во женската Лига на шампиони, се е познато. ЛШ зaврши за Будуќност и Подравка. Тие се 7 и 8 место во групата.
Првото место и избегнување на еден квалификациски дуел обезбеди данскиот Есбјерг исто така и второпласираниот Ростов. 
Екипите на Брест, ЧСМ Букурешт и Борусија ќе играат во елиминациите уште во следното коло. ФТЦ Будимпешта против шестопласираниот, Брест против петтопласираниот од групата „Б“, ЧСМ против четвртопласираниот, а Борусија против третопласираниот тим. 

Во групата „Б“, Ѓер е првопласиран, додека за второто место денеска ќе се одлучува, а кандидати се европскиот првак Вајперс Кристијансанд и францускиот Мец. 
Четврто и петто место ќе бидат ЦСКА на Сара Ристовска или Одензе, денеска и тоа ќе биде познато, а најинтересниот меч ќе се игра во Љубљана. 
Крим и Савехоф играат за опстанок. Крим има два бода плус, но ако денеска загуби тогаш испаѓа од ЛШ, а Савехов продолжува напред на елиминациски дуел со ФТЦ. 
Кастамону од Турција е разочарувањето на ЛШ и без освоен бод денеска ќе го одигра последниот меч, на готи кај Одензе. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk