РФМ побара средба со АМС и клубовите за ваучерите

Вкупно 18 клуба од Прва лига и единствената женска лига упатија приговор по основ на распределбата на средствата за даночно ослободување односно ваучер. Овие клубови сметаат дека добиле помалку отколку што треба да добијат и побараа средба со РФМ и АМС. РФМ им одговори и побара средба со АМС на која ќе се расчистуваат работите.



Приговорите се темелат на та дека финансиските средства се намалени во однос на минатите години или не се земени во предвид одредени бодувања согласно пополнетиот образец...
РФМ побара средба со АМС, а во меѓувреме објави и споредбена табела на бодување и средства што клубовите ги добиле во последните три бодовувања за ваучер. РФМ побара одоговор и средба од АМС. 

Што ќе доснесе состанокот ќе видиме, но прилично е јасно што се случува на терен. Не велиме дека нема грешка, тоа е прилично актуелно во АМС, но суштински, има зголемен број на клубови што исполнуваат критериуми и имаат вкупен зголемен број на бодови, а тоа води кон нивна намалена вредност за речиси 11.000 денари по бод во однос на 2020. 
Во 2020 имало вкупно 3.038 бода и секој од нив вредел 41.656 денари. 
Во 2022 има вкупно 4.680 бода и секој од нив вреди 30.519 денари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk