Се покажа во СЕХА си потпиша за Вецлар

Најдобриот млад играч во СЕХА минатата сезона, леворакиот српски бек Јовица Николиќ си обезбеди трансфер во Бундес лигата.



Најмладиот играч кој постигнал над 100 гола во СЕХА лигата, српскиот десен бек Јовица Николиќ (20) потпиша двегодишен договор со германскиот тим Вецлар и ќе биде замена за хрватскиот интернационалец Иван Сршен. 

Играч и тренер, а од следната сезона само асистент тренер во Вецлар е македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски. Претходно дресот на овој тим го носеше и уште еден мак-репрезентативец - Дејан Манасков. 

Годинава во преодниот рок кој е во полн ек, освен Милан Лазаревски кој потпиша за Тримо од Словенија, ниту еден македонски ракометар нема направено трансфер во некоја од посериозните лиги и клубови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk