ЛИНКОВИ: Дерби со голем влог во Охрид, Вардар на поправен

Денеска ќе се одиграат натпреварите од 20.коло во машката Супер лига. Сите средби се во еден ден, со исклучок на натпреварот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер кој е одложен на неодредено време. 



Директниот дуел за пласман во Плеј оф меѓу екипите на Охрид и Тинекс Пролет 62 е дерби на колото и натпревар што има најголемо значење во ова коло, без намера да ја намалиме важноста на другите натпревари. 
Овие два тима се во тесна трка долго време и можеби решавачиот исчекор ќе биде направен денеска. Во моментов скопјаните се на последното место што води во Плеј оф, со 31 бод, три повеќе од Охрид кој е на седмото место. Охрид не може да си дозволи пораз, во таков случај практично би бил отпишан, но со победа, пак, влегуваат во игра за горниот дел. 
Тиквеш оди на гостување во Струга и мора да се врати со трите бода, затоа што во моментов има 34 и е достижен за Охрид и Пролет. 
Бутел е во доста подобра позиција и со 36 бода и гостување кај Скопје е на прагот да обезбеди Плеј оф. 

Еурофарм Пелистер 2 се прослави минатиот пат кога играше против Вардар. Во Битола, „двојката“ го совлада актуелниот шампион што водеше и кон смена на тренерската позиција во Вардар итн. 
Сега Вардар спрема освета, младиот битолски состав гостува во Скопје и ќе биде интересно да видиме како ќе одговорат на оваа средба. 


СУПЕР ЛИГА МАЖИ - КОЛО 20
12.02.2022 - САБОТА


16:00 часот РК СТРУГА - ГРК ТИКВЕШ 2014

17:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 - РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

17:00 часот РК РАДОВИШ - РК ПРИЛЕП

17:00 часот РК ВАРДАР 1961 - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

18:00 часот ГРК ОХРИД - РК ПРОЛЕТ 62 - пренос во живо на МРТ
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk