Колкави ваучери добија ракометните клубови

Ваучер системот, оспоруван -неоспоруван стана еден од главните фактори во функционнирањето на спортските клубови во секојдневната борба за опастанок, напредок, шанса да се заработи... 
Познато е колкави средства од даночно олеснување ќе може секој клуб поединечно да побара, според најновата листа. 



Според однапред утврдените критериуми, РК Вардар е клубот што има најголем ваучер, а следат Еурофарм Пелистер, Металург... 
На „црвено-црните“ им следуваat 284.000 евра, следува првиот битолски клуб со 267.000, па Металург кој во овој ваучер го гледа спасот, а тој изнесува речиси 203.000 евра би требало да ги извади од моменталната каша во која се наоѓаат. 
Голден Арт е интересен учесник во оваа распределба со нешто над 120.000 евра, а тоа се должи на бројот на репрезентативци што овој клуб клуб го даваше. 
Најдолу на списокот е РК Делчево кому му следуваат нешто помалку од 7.000 евра. 

Овие суми се нешто помали од претходните, а тоа се должи пред се на зголемениот број на клубови што исполнуваат услови да добијат дел од колачот. 

Ракометната федерација на Македонија доби ваучер во вредност од 256.000 евра. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk