Генерациските смени во големите тимови вообичаено се прават по Олимписки игри. Во репрезентациите што немаат олимписко педигре, тоа тоаѓа по големите натпреварувања.
По Никола Прце и Владимир Врањеш, а пред претстојните дуели со Грција и Црна Гора од квалификациите, селекторот на БиХ, Ивица Обрван остана и без трет играч.
Денеска со репрезентацијата на БиХ се збогуваше Иван Карачиќ, брат на прославениот ас на Вардар, Игор Карачиќ.
Иван Карачиќ и се обрати на јавноста со статут на совијалните мрежи резимирајќи го своето во репрезентацијата за која има одиграно 80 натпревари и објавувајќи дека настапот на ЕП 2022, во кое БиХ имаше вистински малер во ждрепката па беше во група со Шведска и Шпанија, патем и со Чешка е неговиот последен за националниот тим.