Војводина немаше шанса со Вардар

ВОЈВОДИНА - ВАРДАР   16-26 (9-11)
Николиќ 5, Кљаиќ 3, Оцвирк 3 - Дибиров 7, О. Њокас 4, К. Њокас 4



Како што и се очекуваше, Вардар без поголеми тешкотии стигна до победа и први бодови во СЕХА лигата. На гостувањето во Нови Сад, Вардар ја збриша Војводина и полека влегува во натпреварувачки ритам пред гоствањето во Монпеље, каде што ќе го чека сосема поинаков противник.

Првиот дел беше повеќе-помалку резултатски израмнет, а Вардар ја имаше контролата и на одмор замина во плус два. Во второто полувреме, пак, наллик на средбите што се играат во македонското првенство, Вардар од минута во минута го зголемуваше водството, а Дејвис имаше можност да им даде минутажа на повеќе ракометари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk