ТРАНСФЕРИ: „Битолчанецот“ Табанге има нов клуб..

Репрезентативецот на Габон, Черубин Табанге, во Македонија познат по тоа што играше за екипата на Пелистер, заминува од францускиот Шербур и  сели во првенството на Италија. Тој ќе биде нов играч на екипата на Сасари. 

Симон Питлик, синот на познатиот тренер Јан Питлик и покрај многубројните понуди реши уште две сезони да игра за сегашниот клуб - ГОГ Гудме. 



Алберто Ентрериос, тренерот на Нант следната сезона ќе биде тренер на Лимож. Шпанецот за асистент на клупата одбра, нормално, Шпанец. Мануел Сиера, легендарниот шпански ветеран кој годинава, конечно, на 44 годишна возраст ќе ја заврши кариерата, ќе му асистира во Лимож. 

По тренерскиот следи и играчки егзодус на шпанските ракометари. АСОБАЛ во која клубовите ретко достигнуваат до 1 милион буџет, не можат да се натпреваруваат со европските тимови, па Шпанците си бараат друго чаре. Најчесто - Франција. 
Каулди Одриозола, еден од најдобрите играчи на Бидасоа потпиша за екипата на Нант. 
Голманот на Барса, Хуан Ледо заминува исто така за Франција и потпиша за екипата на Истр. 

Потврден е трансферот на словенечниот бек Ник Хенигман од ПИК Сегед во Санкт Рафаел. 

ТРАНСФЕРИ - ЖЕНИ

Алисон Пино, поранешната ракометарка на ЖрК Вардар, го продолжи договорот со Крим за уште една сезона и останува во Љубљана до јуни 2023 година.

Женскиот ракометен европски шампион, Кристијансанд, потпиша со две познати имиња. Јамина Робертс, шведска репрезентативка која игра за Савехоф и Осеан Угола, француска репрезентативка што настапува за Крим Љубљана. 

Една од најдобрите француски ракометарки, Орлан Канор, заминува од Мец и се сели во ракометната Мека - Романија. Таа ќе биде нов член на Рапид Букурешт. 

Српската репрезентативка Слаѓана Поп Лазиќ ќе ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната. 

Романската екипа Крајова, потпиша договор со две нови ракометарки. Црногорскиот голман Анастасија Бабовиќ од Будуќност и левото крило Дијана Мугоша од хрватскиот шампион Подравка. 

Женската репрезентација на Словачка има нов селектор. Шпанскиот стратег Хорхе Дуењас ќе ја води репрезентацијата во квалификациите за ЕП Македонија/Словенија/Црна Гора. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk