Вардар денеска по први СЕХА бодови

Вардар денеска (17:30 часот) ќе го одигра вториот меч од СЕХА шампионатот. По вчерашниот дуел во Белград меѓу државните вице-шампиони, денеска во Нови Сад се среќаваат прваците на Србија и Македонија. 



На меѓународната сцена во ваков ранг на натпреварување, со селектирани учесници, одамна не постои „лесни бодови на гости“, иако денешната средба за Вардар би била најблиска до тој момент, гледајќи ги сите учесници. 

Војводина, неприкосновениот српски првак со години наназад му ја препушти фаворитската улога на македонскиот тим, гласно изговарајќи дека дуелот со Партизан во домашното првенство им е првиот приоритет во продолжението на сезоната. 

Вардар е доволно искусен состав да не влезе со мислата дека ќе биде лесно, без оглед на најавите од Нови Сад. Овој меч е претходница на дуелот со Монпеље во Лигата на шампионите и за македонскиот состав е најбитно да ја крене формата на нивото потребно за настап во европската елита. 
Патувањето во Србија секако ќе ги внесе подобро во натпреварувачки ритам, а чувството обврската дека треба да се оправдаат за поразот од Нексе, донекаде треба да е гаранција за сериозен пристап.

Нема зошто не, сите коцки треба да се вклопени и денеска Вардар да го видиме во победничко издание со крената самодоверба и игра што потсетува на поубавите времиња. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk