13 години од убиството на пикерот Козма

Романскиот пивот Мариан Козма беше еден од најдобрите во линиски играчи, дефинитивно најдобриот романски ракометар во моментот. На денешен ден, пред 13 години, во тепачка во бар во Веспрем беше избоден по што подлегна на повредите.



Роденденската прослава во Веспрем, пред 13 години трагични заврши за романскиот пивот Маријан Козма, додека неговите соиграчи од Веспрем, Жарко Шешум и Иван Пешиќ минаа со тешки повреди. 
Маријан Козма, сакајќи да заштити некоја од келнерките што биле малтретирани од друштво Роми, влегол во конфликт, при што бил избоден со нож во пределот на срцето. 
Хрватскиот голман Иван Пешиќ тогаш 19 годишен, исто така беше избоден и остана без еден бубрег, додека српскиот интернационалец Жарко Шешум заврши со повреди во пределот на очите од кои долго се рехабилитираше.

Убијците брзо беа фатени и осудени на доживотен затвор, но казната им беше преиначена на 18, па дополнително намалена, по што еден од нив излезе од затвор, за подоцна одново да биде уапсен под друго обвинување - трговија со луѓе. 

Пред салата на унгарскиот клуб е подигнат споменик на романскиот ракометат што потсетува на најцрниот ракометен ден во Веспрем, но и потсетник за големината на романскиот играч барем еднаш во годината, на денешен ден ги обединува унгарските и романските ракометни фанови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk