Е. Пелистер го преживеа Белград

ПАРТИЗАН - Е. ПЕЛИСТЕР  23-25 (10-13)
Максиќ 5, Зечевиќ 5 - Мараш 7, Граџан 5



Еурофарм Пелистер со победа ја отвори новата сезона во СЕХА лигата. Вечерва на натпревар одигран на гости кај Партизан, во амбиент што го загреаја Чкембари и Гробари, битолскиот состав успеа машки да се избори за триумф. 
Квалитетот евидентно беше на страната на македонскиот тим, но домашните ракометари со поддршка од фудбалските навивачи се надминаа себе во еден момент имаа и можност да ја свртат средбата во своја корист. 

Пелистер водеше во текот на целото прво полувреме, во 23 минута беше и 11-6 и се чинеше дека нема да биде многу неизвесно на натпреварот, но домашните се вратија во игра и до крајот на полувремето беше 10-13. 

Во вториот дел, откако го одбија првиот бран на домашните, битолчани поведоа со 17-14, 19-15. Но, тогаш се загреа амбиентот во салата, Е. Пелистер почна да влегува во серија на грешки, а домашните врвот на еуфријата го доживеаја кога израмнија на 19-19, а притоа и Табоада си заработи црвен картон. 

Партизан при 20-20 имаше топка за водство, но тогаш почна нивниот крах. Секели одново почна да „брани“, во напад прво Костески, а потоа и проработе и линијата на која беше Граџан и Е. Пелистер се врати на безбедна дистанца од каде го приведе мечот сигурно до 25-23 и први бодови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk