Играч тежок пет злата завршува кариера

Своевремено, пред да се појават Недим Ремили и Дика Мем, Франција немаше многу адути за позицијата десен бек. Па сепак, доминираше на светската сцена.




Уште едно познато име, годинава ќе ја заврши кариерата. Францускиот десен бек, Хавиер Бараше на 33 години ја завршува кариерата. 
Неговиот сегашен клуб ја потврди на трансфер листата информацијата за заминување на некогашната (нај)голема леворака надеж. 

Бараше во францускиот тим влезе уште кога местото го пополнуваше свестраниот играч Жером Фернандез. Таа позиција беше најслабата во Франција затоа што Фернандез е деснорак бек, а Валентин Порт беше деклариран како крилен играч што повремено игра и како десен бек. 

И покрај тоа што има три златни медали од СП и по еден од ОИ и ЕП, Бараше никогаш вистински не се наметна затоа што кариерата му беше неколкупати пресекувана со повреди операции и долги паузи. 
Така беше и кога на сцената се појави прво Недим Ремили, а потоа Дика Мем и Мелвин Ричардсон. ПСЖ брзо го испрати на азурниот брег, а споменатото трио ги зема сите деснобековски дресови во репрезентацијата. 
Бараше досега играше за Санкт Рафаел, но оваа сезона е последната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk