Романија дефинитивно центар на светскиот женски клупски ракомет. Клубовите во нивната женска лига имаат поголеми буџети од Асобал лигата мажи, со исклучок на Барса.
Романската женска лига е ракометниот центар кога е женскиот клупски ракомет во прашање. Без оглед што Ѓер, Ростов, ЦСКА и тука и таму уште по некоја екипа имаат многу пари на располагање, со Лигата во Романија не веруваме дека некоја друга може да се мери.
Романски весник ги објави буџетите на женските клубови. Нема да правиме споредби со буџетите во Македонија, не би било тоа убаво за гледање, дури и кога се машките клубови во прашање.
Буџетите во женската лига на Романија
1. ЧСМ Букурешт 3.8 милиони евра
2. Глорија Битрица 2.5 милиони
3. Влчеа 1.9 милиони
4. Рапид Букурешт 1.5 (ако стане шампион, буџетот ќе расте)
5. Глорија Бузау 1.5-1.7 милиони
6. Браила Данубе 1.5-1.7 милиони
7. Минаур Баја Маре 1.3-1.4 милиони евра