Мешков со нов 205 см висок пивот го чека Вардар

Белорускиот првак, Мешков Брест, потпиша со нов играч, слободен агент и ќе го има на располагање и за дуелите од Лигата на шампионите, меѓу кои е и средба со Вардар.



Павел Дорофеев, 205 сантиметри висок пивот е новото засилување за екипата на Мешков Брест. Овој ракометар потекнува од Брест, играше таму на 20 годишна возраст, по што замина во Русија, каде што настапуваше за екипата на Нева Санкт Петербург. 
Сега на возраст од 25 се враќа како слободен играч, откако го раскина договорот со рускиот клуб. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk