Келце купи анонимен Швеѓанец

Бертус Сервас, претстдателот на Келце денеска им отвори нова работа на ракометните новинари. Да бараат кој е Ноа Зубац, 19 годишниот шведски ракометар со хрватски корени.



Ноа Зубац, е лев бек на екипата на Кара. Тоа е екипа што е последна во Втората лига на Шведска со две победи и едно реми од 18 одиграни натпревари. 
Скаутите на Келце проценија дека Зубац (19) е потенцијал во кој вреди да се инвестира, а Сервас во својот твитерџиски стил прво го најави, за денеска да објави дека тој е деветтото ново име со кое клубот потпиша во пресрет на новата сезона. 
Воедно тој ќе биде и најмалку четвртиот играч што ќе оди на позајмица. Каде? Тоа се уште не се знае, но паралелно со петгодишниот договор за Зубац имало и преговори за позајмица, па така три клуба се во игра за него. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk