Давид Дејвис е тренерот во кој ракометните фанови во Македонија, особено тие што се на страната на „црвено-црните“ гледаа своевиден спас на клубот од лошата игра и лошата серија.
Играта на Вардар под команда на Веселин Вујовиќ беше лоша, неубедлива, односите меѓу него и играчите затегнати... конечно, тоа се претвори во серија на порази од кои спасот се бараше во смена на тренерот.
Бидна смената, дојде Дејвис, но чудно или не, вредно за одбележување или не - немаше никакви играчки промени.
Дејвис се нафати од истата екипа со која Вујо имаше лоши резултати и во ЛШ и дома, со игра која беше лоша, неубедлива, да направи нешто ново.
Но...
Првиот меч, пораз дома од Нексе. Играта одново беше лоша, неубедлива. Нексе е екипа што за волја на вистината знае да биде непријатен противник. Но, не беше Нексе толку добар колку што Вардар беше лош.
Искуството во вакви случаи не опоменува на внимателност. Вардар со 10 странци на терен сигурно има поголем капацитет и потенција од ова што го одигра на премиерата на Дејвис. Прашањето е дали Дејвис ќе ја најде играта и формулата навреме. Трпение овде одамна немало во што вардаровите ракометари можеа да се уверат уште вчера, кога беа распнати на социјалните мрежи.
А ова беше само СЕХА. За помалку од десет дена, овој состав треба да оди на гости кај Монпеље, потоа следат Загреб (дома), Мешков (Г), Елверум (Д)... Време нема, трпение нема,,, најдобро е Дејвис да најде некоја волшебна формула веднаш и да ги крене своите играчи, инаку сезоната брзо ќе биде загубена, пардон завршена.