СУПЕР ЛИГА: Победи на Пролет, Пелистер 2, Бутел и Тиквеш

Еурофарм Пелистер 2 - Скопје 2020 37-26 (18-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола, Гледачи: 500. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 4, Буторац 6, Пав. Атанасијевиќ 4, Димитровски, Митревски 5, Петровиќ 3, Димитриоски 1, Талевски 2, Пет. Атанасијевиќ 3, Табаковски 1, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски 4
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 минути
Скопје 2020: Стојковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 3, Чакалиќ 2, Тркалевски, А. Василевски 4, Петковски, Пешкирски 5, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Трифуновски, Калајџиски Седмерци: 4/3, Исклучувања: 10 минути



Т. ПРОЛЕТ - СТРУГА    30-22 (13-13)
Џонов 6, Пејовиќ 6 - Барјактаревиќ 7, Кастратовиќ 6
БУТЕЛ СКОПЈЕ - РАДОВИШ    26-22 (13-10)
Мајиќ 6, Митев 4 - Постолов 6, Ристов 6
ПРИЛЕП - ТИКВЕШ   24-31 (12-17)
Шокоски 6, Чантурија 5 - Симиќ 7, Јанчев 5, Темелковски 5, Трпчевски 5

Денеска се одиграа четири од планирани пет натпревари од продолжението на машката Супер лига. Колото се игра во сенката на суспензијата што Металург ја доби од Виена поради случаите Шпенде и Кастратовиќ. Суспензија која може да има фатални последици по клубот.

На четирите одиграни натпревари гостите победија само еднаш, Тиквеш славеше во Прилеп и остана во игра за место во Плеј оф, каде што евидентно една екипа ќе „извиси“, а дали ќе биде тоа Тиквеш, Пролет или Охрид, па дури и Е. Пелистер 2 - ќе видиме. 

Победи запишаа и скопските екипи Пролет и Бутел. Особено важно е за Т. Пролет да не „киксне“ на ниту еден натпревар, а Струга е екипа која знаела тука и таму да изненади. Затоа и внимателни беа домашните во пресрет на овој дуел што финално им се врати со победа од 8 гола разлика, разлика направена во второто полувреме. По првите 30, беше нерешено.

Бутел Скопје со помала разлика отколку ривалите од Пролет, но со константно водство во текот на целиот натпревар стигна до бодовите од дуелот со последнопласираната екипа на табелата - Радовиш.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk