Хорват остана селектор на Хрватска

Зоран Гобац, Томислав, Томислав Граховац, Лино Червар, Игор Вори, Ивица Удовичиќ и Хрвоје Хорват и Ивано Балиќ биле членовите на групата што се состанала за да реши дали Хрвоје Хорват ќе остане селектор на Хрватска. 



Управниот одбор допрва ќе верификува, но одлучено е Хрвоје Хорват да остане селектор, Ивано Балиќ да остане негов заменик, а другите членови од стручниот тим да бидат заменети. 
Било побарано Хорват да презентира што било сработено, но јасно, овој селектор на пет натпревари имаше пет различни постави, не успеа со ниедна од нив да се воигра и воопшто беше во ситуација во која ниту еден селектор пред него не бил па затоа одлуката е да остане. 
Низ хрватската јавност, пак, се шпекулираше дека може да биде заменете со тренерот кој чие име се појавува секаде и секогаш - Славко Голужа. Но, Хорват останува, иако се чини дека без разлика на се, потроши уште еден џокер. 

Хрватска го овои осмото место на ЕП што е нивни најслаб пласман со години наназад, но овој тим беше силно погоден од Ковид и имаше повеќе од десет играчи во изолација, па постојано мораше да се менува и импровизира.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk