Утре продолжува домашното првенство во најсилната конкуренција. До крајот на регуларниот дел од првенството ќе се одиграат уште шест кола, а потоа екипите ќе бидат поделени на Плеј оф и Плеј аут.
Домашниот шампионат во кој потенцијално има место за изненадувања продолжува утре, а ќе се доиграат шест кола пред да почне Плеј оф и Плеј аут.
Немаше големи играчки промени во зимскиот преоден период, најголемите се на клупата на Металург и на Вардар од каде заминаа Иван Марковски и Веселин Вујовиќ, а дојдоа Игор Котевски и Давид Дејвис. Токму овие два тима утре во 18:00 часот се среќаваат во „Автокоманда“.