Синот на голманот Андреас Палицка еден од најзаслужните за петтото злато на ЕП за Шведска, стана интернет хит и ја „украде“ славата при пристигнувањето на шведските ракометари.
Астон Палицка, стана европски хит откако на аеродромот го даде своето прво интервју:
На прашањето колку е добар голман татко му, одговори:
„Татко ми е најдобар на светотот... татко ми е број два. Ландин е малку подобар“, изјави младиот Палицка.
На прашањето како се чувствуваш што татко ти дома донесе злато, Палицка одговори:
„Малку е чудно. Досега секогаш носеше бронза или сребро“...