Колкави се премиите на Швеѓаните за злато?

Шведските ракометари нема којзнае колку да се офајдат финансиски за освоениот златен медал на Европското првенство. 



Шведските ракометари ќе заработат околу 190.000 шведски круни или нешто повеќе од 18.000 евра за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. 
Околу 12.000 евра по играч е наградата за освоениот медал, плус околу 500 евра за секоја победа и дневница која изнесува 85 евра.
Кога се ќе се собере, играчите што играа на сите натпревари ќе добијат околу 18.200 евра премија.
Годинава, пак, стандарден шведски репрезентативец, за настапите на СП, ЕП и ОИ од федерацијата заработуваше околу 34.000 евра тотал. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk