Шведска е нов европски шампион!

ШВЕДСКА - ШПАНИЈА   27-26 (12-13)
Бергендал 5, Екберг 5 - Фигуерас 6, Гомез 6



Шведска е новиот европски шампион. Петти пат, прв пат по 20 години, а конкретно за оваа генерација златото доаѓа по загубеното финале во Хрватска 2018 и по загубеното финале во Египет 2021. 
Годинава, само една година пред и самите да бидат домаќини на СП, го освоија европското злато. 

Тежок, типичен за финале натпревар со многу силна одбрана, добро тактички спремни екипи, одлични голмани за на крајот мечот да го реши удар од седум метри по истеченото време. 
Никлас Екберг, ладен како лед, го совлада Гонзало Варгас и и го донесе на Шведска златниот медал. 

Шпанија одигра одличен натпревар, ветераните во  нивните редови имаа одговор на многу прашања, креираа небробојна дефанзивна зона која во последните минути од минус два и напад за минус три ги врати во игра и дури до напад за победа. Кањељас на триесетина секунди до крајот, при резултат 26-26 биеше во Палцка очекувајќи фаул. Германските судии покажаа играта да продолжи. 
Лагергрин, играчот кој претходно упропасти два клучни напади на Швеѓаните отиде еден на еден со Кањељас и и од лоша позиција изнуди седмерец. 

Андреас Палицка беше играч на натпреварот. Шведскиот голман одлично го отвори мечот и овозможи Шведска да има гол-ва предност се до финишот на полувремето кога со еден блиц криг Шпанија премина во водство и на одмор замина со гол предност.
Во вториот дел, Шпанија водеше во воведните минути, а потоа одново благодаение на Палицка во одбрана, а на Готфридсон, Бергендал и Хампус Ване во нападот успеа да стигна до плус два на три минути до крајот...

Со овој натпревар се спушти завесата на најконтроверзното Европско првенство одиграно досега. Шампионат на раб на регуларност, но и шампионат на особено во финалниот викенд видовме неверојатно израмнети и драматични натпревари. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk