Данска до бронза по продолженија

ДАНСКА - ФРАНЦИЈА  35-32 (29-29)
Ландин (18 одб) , Холм 10, Киркелоке 5 - Жерар (18 одб), Мае 8, Деска 7



Данска ја совлада Франција по продолженија на претпоследниот натпревар од Европското првенство и го освои бронзениот медал. Медали добија и Французите за четвртото место, тоа е пракса на ЕХФ, а тие добиваат медал „без боја“. 

Карма продолжи да го следи Николај Јакобсен, веројатно најслабата алка во една ваква моќна репрезентација на Данска. Откако ги одмораше Микел Хансен и Матијас Гидсел пред полуфиналето, сега и двајцата се повредија и не можеа денеска да настапат. Хансен пред мечот, Гидсел не одигра ни пет минути пред да го напушти теренот. 

Средбата беше вистинска ракометна убавина. Двата тима напаѓачки настроени, со брза транзиција, иако и одбраните беа на место, а и двајцата голмани запишаа по 18 интервенции. 

Франција почна подобро, поведе 9-5, но Данска се врати во игра и до полувремето беше само еден гол. Потоа гол за гол со мноштво убави потези, речиси нема што немаше на овој меч за конечено средбата да заврши 29-29. 
Во вториот дел, Франција малку заспа на почетокот, прими три гола беа да погоди на стартот и веќе немаше назад, односно Данска рутински одработи до крајот на мечот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk