На денешната средба со Франција, во рамки на битката за бронзен медал, селекцијата на Данска одново ќе игра без Микел Хансен.
Микел Хансен не играше на последниот меч од групата меѓу Данска и Франција. Одлука на селекторот НИколај Јакбсен беше да ги одмори најдобрите играчи за да биле свежи за полуфинале. Тоа го плати со два пораза по ред, елиминација во полуфиналето, а може да доплати и денеска што останало кусур и да остане и без медал на ЕП.
Микел Хансен го превитка скочниот зглоб на десната нога на натпреварот со Шпанија, а последиците ги чувствува и сега и нема да биде во составот на Данска за денешниот меч со Франција, средба за утешно трето место и бронзен медал.
Покрај Микел Хансен на трибини остануваат и Јаник Грин, Хенрик Тофт Хансен, Рене Антонсен и Ханс Линдбег за кого првенството е завршено од пред неколку дена.