Шест нови „мастер коуч“ тренери од Македонија

Со Мастер коуч лиценца или диплома што ја доделува ЕХФ како највисок степен добија уште шест тренери од Македониија. 



Со право да водат екипа во Лигата на шампионите или репрезентација на големо натпреварување се стекнаа уште шест тренери од Македонија кои успешно го завршија третиот модул во декември, а сега ЕХФ им ги додели заслужените дипломи. 

Сите шесторица се познати ракометни имиња кај нас, сите актуелни и бивши репрезентативци. Билјана Црвенкоска e единствената дама меѓу нив, а причина да почастат имаат и Филип Миркуловски, Аце Јоновски, Горан Кузманоски, Влатко Митков и Зоран Петковски. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk