Тројца многу важни ракометари на Шведска ќе бидат во составот денеска за финалето на Европското првенство.
Хампус Ване, Никлас Екберг и Феликс Клар ќе бидат денеска во составот на Шведска за финалето што во 18:00 часот ќе го игра оваа репрезентација против бранителот на титулата Шпанија.
Овие тројца ракометари беа во изолација, но денеска шведската федерација објави дека се негативни и дека ќе можат да играат.
Крилата Ване и Екберг се секогаш прв избор во шведскиот состав, но многу битно е враќањето на централниот бек на Алборг, Феликс Клар затоа што Јим Готфридсон сега добива квалитетна замена и ќе може да одмори во текот на мечот и да биде на повисоко ниво додека е во игра.