Митревски: Не сме фаворити, но не сме ни аутсајдери

Романија, па Чешка. Така изгледа патот на Македонија кој следниот мундијал. Тежок избор, не многу поволна ждрепка, но подвлечено, два противника против кои имаме шанса да се пласираме на мундијалот. 



Никола Митревски, една од најсилните алки во нашиот состав очекува два тешки натпревари, сосема поинакви од досегашните. Но, Македонија нема да биде без шанси. 

„Во првиот бараж играме против една од двете најдобри селекции што можевме да ги добиеме како противник. Ќе биде тежок двомеч, имаат искусна и квалитетна селекција со селектор кој како тренер освојувал многу трофеи. Но, во баражот против Македонија беше поразен. 
Во вториот бараж не очекува не многу звучно име, но многу квалитетна репрезентација. Сме имале многу соочувања со нив, но ќе биде еден сосема нов и посебен дуел. Не сме фаворити, но не сме ни аутсајдери“, изјави Никола Митревски. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk