ЖДРЕПКА ЗА СП: Што не чека во баражите за мундијалот?

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе дознае што ја чека во март и април и какви се шансите за пласман на следното големо натпреварување - Светското првенство во Шведска и Полска 2023. 




Македонија по десетина години минати во првиот шешир во баражите за СП, по промената на системот на натпреварување, зголемувањето на бројот на учеснци, пласманите на ЕП и со самото тоа менување на квалификацискиот систем од Европа, по втор пат се наоѓа во вториот шешир, сметајќи од 2013 година, па наваму. 
Во 2020 бевме во втор шешир, за противник ја добивме Франција, но тие дуели поради Ковид не се одиграа, Франција беше директно квалификувана. Но, Македонија како замена за Чешка се најде на тој мундијал и не го прекина низот на натпревари. 

Сега ќе биде покомпликувано, затоа што има два бараж натпревари. Ќе биде покомпликувано за сите, затоа што во вториот бараж и тоа како екипи од втор шешир заедно со Македонија најверојатно ќе ги видиме Словенија, Португалија, Белорусија итн. екипи што можат да им направат многу проблеми на носителите кои имаа повеќе среќа или покажаа подобра игра на ЕП 2022. 



ПРВ БАРАЖ - 14.03 -20.03. 2022
ШЕШИР 1 ШЕШИР 2
 Австрија
 Белорусија
 Босна и Херцеговина 
 Литванија
 Македонија
 Португалија
 Словачка
 Словенија
 Украина
 Белгија
 Естонија
 Фарски Острови
 Финска
 Израел
 Грција
 Италија
 Романија
  Швајцарија
 
ВТОР БАРАЖ - 11.04-17.04.2022
ШЕШИР 1 ШЕШИР 2
 Хрватска
 Чешка
 Германија
 Унгарија
 Црна Гора
 Холандија
 Русија
 Србија
9. Исланд
Победниците од Бараж 1
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk