Палицка ја однесе Шведска во финале!

ШВЕДСКА - ФРАНЦИЈА    34-33 (17-14)
Готфридсон 9, Пелас 7 - Деска 8, Мин 8



Во финалето на 15 Европско првенство што се игра во Унгарија ќе се сретнат репрезентациите на Шведска и Шпанија. 
Финале пред финалето требаше да биде мечот Данска - Шпанија, но ракометната убавица ја одиграа Шведска и Франција. Неверојатен меч со уште поневеројатни партии на голманот Андреас Палицка и мозокот на шведскиот тим Јим Готфридсон. 

Франција почна импресивно, поведе со 5-1, но Шведска се држеше за својата игра, а кога Гијом Жил играше без голман, дојдоа петте минути на голманот Андреас Палицка кој постигна три гола и во еден момент по 15-тина минути игра беше најдобриот стрелец на теренот. 
Шведска израмни 10-10 и од тој момент имаше резултатска контрола се до последните две минути. 

Јим Готфридсон, можеби најдобриот играч во светот во моментов ја креираше речиси безгрешно играта на својот тим, но во вториот дел Франција го фрли џокерот Ајмерик Мин. Бекот на Нант беше незадржлив за Швеѓаните и Франција се врати во игра и покрај слабата поддршка од голманите.

Во финишот, во 60 минута Шведска водеше 34-32 и имаше посед на топка. Но, погрешија двапати, Франција намали на 33-34, а Лудовик Фабрегас имаше и шут за нерешено. Андреас Палицка го одбрани клучниот шут на две секунди до крајот и Шведска се пласираше во финалето. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk