Карма ја стигна вообразената Данска

ШПАНИЈА - ДАНСКА  29-25 (13-14)
Гомез 11, Кањељас 7 - Хансен 8, Јакобсен 4

Шпанија е во финале, Данска ќе игра за бронзен медал. На Исланд се слави поразот на Данците. 



Данска играше најубав ракомет, беше машина што не запира, го имаа Хансен, Гидсел и уште цела плејада врврни играчи зад нив...се до моментот кога Николај Јакобсен реши да ги одмора играчите против Франција, за да бидат свежи за полуфинале. 
Тоа го исфрли Исланд од ЕП, а им ја сврте среќата. 

Вечерва ниту Данска играше како Данска, ниту свежите Микел Хансен и Матијас Гидсел беа подобри дека одморени, а Жорди Рибера му одржа тактичка лекција на Николај Јакобсен. Кањељас држеше час по ракомет, а Варгас ја спушти ролетната пред својот гол. 

Двата тима внимателно, со добри одбрани и уште подобри голмани меѓу кои се истакна Ландин ја отворија полуфиналната средба. 
По 10 минути беше само 2-1, а потоа Данска ја презема контролата, имаше плус четири гола, но во финишот на полувремето Шпанија се доближи на само минус еден. 

Во вториот дел, Шпанија го најде својот ритам, а Данска го загуби својот. Варгас го отажа од „ракомет“ Емил Јакобсен, а на спротивната страна, Кањељас проигруваше, организираше, погодуваше и во еден момент Шпанија премина во водство. 
Јакобсен познат по тоа дека ако може со седум играчи - со седум играчи ќе игра цел натпревар беше немоќен навремено нешто да смени и Шпанија отиде до плус три, а неверојатниот Алиеш Гомез Абело правеше чуда и во напад и во одбрана и не дозвли Данска да се доближи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk