Најконтроверзното Европско првенство е при крајот, а продолжението на сезоната во домашните шампионати е на прагот. Екипите се консолидираат, подготвуваат за претстојната сезона, но нема посебно голема активност на пазарот на играчи во Македонија.
Вардар го доведе Дејвис за тренер, тој пак го доведе Лосерт за тренер на голманите, но играчкиот дел засега не е чепнат.
Иако во своите редови има дури 11 странци, на Вардар му недостасува уште еден играч - централен бек. Тоа се подвлекува низ текот на целата сезона, а се почесто слушаме дека тоа прашање до крајот на сезоната би можело да биде решено со младиот српски ракометар Стефан Додиќ.
Овој ракометар потекнува од Металург, но на почетокот на сезоната, направи трансфер во Охрид. Од следната, па во наредните четири сезони ќе игра во Полска, во екипата на Келце. Но, претходно, можеби ќе заигра и за Вардар.
Информацијата не е официјално потврдена, чекуваме наскоро потврда или пак, демант.